EMILIA ROMAGNA 3НП (Болоња • Ферара • Римини • Равена • Сан Марино • Парма • Модена)

  • Хотел 3*

1/2 -Standard

октомври 8, 2026 6 days
Adult: 229  Child: 207 
Adult
Child

1/2+1 - Standard

октомври 8, 2026 6 days
Adult: 229  Child: 207 
Adult
Child
SKU: Не е достапно Категории , Ознака:

Опис

Термин 08 Oктомври

1 ДЕН 08.10.2026 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 10:00ч на паркингот од спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање во 10:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско и ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН 09.10.2026 ФЕРАРА – РИМИНИ

Во утринските часови пристигнување во Ферара, еден од најголемите центри на уметноста во Италија во 16-отвек.Прошетка во стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансни градби а со својата убавина посебно се истакнува дворецот на властелинското семејството Д’Есте. Слободно време за испивање на утринското кафе… продолжуваме кон Римини.

Oчекувано пристигнување во Римини во пладневните часови, започнуваме со прошетка низ стариот дел на градот ( факултативно) … катедралата Tempio Malatestiano, изградена во 11-иот век, триумфалната капија, мостот на Тиберие… Сместување во хотел. По сместувањето, слободно време за одмор и индивидуални прошетки…  Ноќевање.

03 ДЕН 10.10.2026  САН МАРИНО – РАВЕНА

Појадок. По појадокот препорачуваме целодневен излет до Равена и Сан Марино. Во рамката на своите древни зидини, Равена ги чува богатите мозаички наследства, од кои повеќето датираат од 5-ти и 6-ти век… од тие причини ранохристијанските и византиските цркви и крстилници се признаени како дел од светското културно наследство на УНЕСКО . По пристигнувањето во Равена ќе го посетиме гробот на  Данте Алигиери, творецот на модерниот италијански јазик и автор на Боженствената комедија… ќе ја слушнеме и приказната за  највлијателниот италијански поет на сите времиња, прошетка до базиликата Сан Витале… Кафе пауза… Продолжуваме накај Сан Марино, по пристигнувањето прошетка до базиликата Сан Марина и Народната палата… слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови враќање во Римини. Ноќевање.

 04 ДЕН 11.10.2026  ПАРМА – МОДЕНА :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до Парма и Модена. Парма е втор град по големина во регијата и е позната по производство на пармезан и шунка… Прошетка низ центарот на градот, плоштадот Гарибалди, романичката катедрала и крстилницата од 11 век… слободно време заиндивидуалниактивности и прошетки. Продолжуваме кон Модена, родниот градна светскимпознатиот тенор ЛучианоПавароти, нои како “престолнина на машини “, заради фабриките на најпознатите италијанскимпроизводители на автомобили како Ферари, Масерати, Пагани и Де Томасо. Прошетката започнува со стариот дел на градот и D’uomo-то , една од најубавите романички катедрали во Италија, кулата Ghirlandina, симболот на ривалството помеѓу Болоња и и Модена. Слободно време заиндивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Римини. Ноќевање.

05 ДЕН 12.10.2026  РИМИНИ – БОЛОЊА – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Задолжителна целодневна посета на Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна. Слободно време  за индивидуални активности и прошетки. Во  договорено време, состанок на групата и поаѓање накај македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

06 ДЕН 13.10.2026 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје во попладневните  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

  • Промотивна цена (до 30.06.2026): 229€ (14.200 ден.)
  • Редовна цена: 259€ (16.060 ден.)

 

✔️ Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Промотивна цена (до 30.06.2026): 269€ (16.680 ден.)
  • Редовна цена: 309€ (19.160 ден.)
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Римини во 3*, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Попатна посета на Ферара

❌ Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд (за лица до 60 години)
  • Туристичка такса во Римини (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Болоња (30€) се плаќа во агенција
  • Прошетка во историскиот центар на Римини (20€)
  • Целодневна екскурзија Равена и Сан Марино (60€)
  • Целодневна екскурзија Модена и Парма (60€)

Пакет излети (Римини + Равена и Сан Марино + Модена и Парма) – 130€

  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4.500 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

 

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mailinfo@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “EMILIA ROMAGNA 3НП (Болоња • Ферара • Римини • Равена • Сан Марино • Парма • Модена)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *