Купи!

Чао Италија 3НП+ 2 ноќевања на брод (Драч-Бари-Помпеа-Неапол-Рим -Тиволи- Ватикан- Алберобело)

Original price was: 309 €.Current price is: 269 €.

  • Hotel 3*

1/2 - Standard

октомври 8, 2026 6 days
Adult: 349  Child: 315 
Adult
Child

1/2+1 - Standard

октомври 8, 2026 6 days
Adult: 349  Child: 315 
Adult
Child

Опис

Термин 08 Октомври

1 ден 08.10.2026 СКОПЈЕ – ДРАЧ – БАРИ – РИМ

Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Косово и Албанија кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.

 

2 ден 09.10.2026 БАРИ – ПОМПЕЈА – НЕАПОЛ – РИМ

Пристигнување во Бари во 08.00.  Продолжуваме кон  Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол: Новиот замок, галерија Умберто I, Плоштадот Плабисцито со базиликата и кралската палата… Слободно време за индивидуални прошетки.
Патувањето продолжува накај Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 10.10.2026 РИМ  – ВАТИКАН – ROME BY NIGHT:

 Појадок. Предпладне  посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Слободно време за индивидуални прошетки и активности во центарот на Рим…  Предлагаме и вечерна прошетка Romе by night (панорамски разглед со автобус). Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 11.10.2026  РИМ – ТИВОЛИ: 

Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, Колосеумот… Потоа одиме на прекрасен факултативен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте.  Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности…. Ноќевање.

 

5 ден 12.10.2026 РИМ – АРБЕЛОБЕЛО – БАРИ

Појадок. Одјавување од хотел. Заминуваме на  факултативна посета на Арбелобело. Во самото срце на Пулија, се наоѓа сликовитото гратче Алберобело, познато по карактеристичните бели куќички со конусни кровови, познати како трули, заштитен знак на Арбелобело но и на целата регија… куќи направени од варовник со кровови во облик на купа и целото село потсетува на селото на Штрумфовите. Со својата единствена и уникатна архитектура Алберобело се наоѓа на листат на УНЕСКО. Куќите се градени на начин да можат многу брзо да се демонтираат за да се избегне феудалниот порез… кога кралевите порезници ќе заминат, преку ноќ се граделе нови куќички. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење.

 

6 ден 13.10.2026 СКОПЈЕ

Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

  • Промотивна цена (до 30.06.2026): 349€ (21.640 ден.)
  • Редовна цена: 369€ (22.880 ден.)

 

✔️ Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч – Рим-Скопје
  • Превоз со брод на релација Драч-Бари -Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)
  •  Посета на Неапол
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

 

❌ Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување  350 денари
  • Разглед на Рим со локален водич  30€
  • Посета на Помпеа со влезница и водич 50 €
  • Излет Roma by night 20€
  • Посета на Ватикан(резервација, превоз, водич, влезница,слушалки) 60€ (задолжителна резервација и уплата во агенција )
  • Излет Тиволи ( превоз, водич, влезница) 60€
  • Задолжителна посета на Арбелобело  – 30€
  • Доплата за бродска кабина Драч-Бари- Драч (два правци)  – 50 €
  • Туристичка такса  Рим 8€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 5.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 20€
  • Доплата на дополнително седиште 150€

 

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mailinfo@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

 

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Чао Италија 3НП+ 2 ноќевања на брод (Драч-Бари-Помпеа-Неапол-Рим -Тиволи- Ватикан- Алберобело)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *