BERNINA EXPRESS + (Сирмионе • Тирано • Ст.Морис • Луцерн • Инсбрук • Салзбург • Халштад)

Од 649  по лице
SKU: Не е достапно Категории , Ознака:

Термин: 17 Октомври 2026

 

1 ден 17.10.2026 СКОПЈЕ – СИРМИОНЕ (Италија)

Состанок на групата во 12:00 ч. Поаѓање во 12:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија, Дневно и ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден  18.10.2026 СИРМИОНЕ – ТИРАНО

Oчекувано пристигнување во  Сирмионе во предпладневните часови.  Прошетка низ прекрасното мало место сместено на полуостров, на езерото Гарда. Сирмионе е познато по своите лековити Термални води и прекрасната средновековна архитектура.

Патувањето продолжува кон Тирано каде пристигнуваме во попладневните часови. Тирано е сместено во Ломбардија, Северна Италија, на самата граница со Швајцарија.

Сместување во хотел.  Слободно време за индивидуални прошетки.

Загрејте се со прошетка низ Тирано за да ги видите  прекрасните палати и свети места. Вистинско впечатливо место е Базиликата дела Мадона ди Тирано, најзначајната ренесансна градба од 16 век. Во тој период владеела страшната болест, куга. Легендата вели дека една вечер, 29.09.1504, враќајќи се од поле, еден побожен човек по име Mario Ormodei, оддеднаш се појавила блескава светлина. Во таа светлина му се појавила Света Марија која му рекла да подигне црква во нејзина чест и ветила дека грдаот ќе биде заштитен од куга.

Така мештаните ја подигнале денешната Santuario della Madonna di Tirano. Велат дека епидемијата на куга престанала. И денеска кога звоната звонат над Тирано, верниците веруваат дека е тоа потсетник на ветената заштита од пред 5 века а планините се тивки сведоци на таа средба.

Уште една Легенда вели дека кога ќе се слушне звукот на Бернина возот во приквечерина, треба да се замисли желба. Бидејќи помеѓу виновите лозја и Алпите, желбите полесно го наоѓаат патот до вас.

 

03 ден 19.10.2026 ТИРАНО – БЕРНИНА ЕКСПРЕС – СЕНТ МОРИС – ЛУЦЕРН

Појадок. Возбудени го дочекуваме утрото. Се качуваме во легендарниот црвен воз Bernina express, кој ќе не однесе до монденското место Сент Морис.

Патувањето со Бернина Експрес помеѓу Тирано и Сент Мориц трае приближно 2,5 часа.

Клучни знаменитости: Патниците го гледаат ледникот Мортератш, спиралниот вијадукт Брузио и ги преминуваат швајцарските Енгадин Алпи. Линијата беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 2008 година поради своите извонредни технички и инженерски достигнувања.  Оваа живописна рута има 55 тунели и 196 мостови, вклучувајќи го и познатиот спирален вијадукт Брузио.

Со широко отворени очи и насмевка,  го почнуваме патувањето.  Почнуваме со живописен медитерански поглед, тесни долини со лозја,  додека полека  возот се искачува до кружниот вијадукт Брузио, од каде што погледот се движи наоколу додека возот се извива по спиралните шини надолу од височините на познатиот кружен вијадукт.

Потоа пејсажот полека се менува и станува карпест, со километри долги гребени, еден по друг со прекрасен поглед на Алпите, вклучувајќи го глечерот Палу и езерото Палу – со панорамски поглед над Каваља и кон италијанските Алпи и пошироко.

Потоа стигнуваме до Оспицио Бернина станицата која се наоѓа на 2253 метри надморска височина, што ја прави станица со највисока надморска височина на Раетската железница. Називот од кој е изведено името на местото и железницата, исто така, ја означува јазичната граница помеѓу јужната италијанска јазична долина Валпоскијаво и Швајцарскиот регионот Енгадин, каде што жителите зборуваат Raeto (реторомански) и германски. Поминуваме покрај езерото Бјанко и Леј Наир. Се вели дека водите северно од превојот Бернина природно течат преку Дунав  во Црното Море, додека водите јужно од превојот завршуваат во реката По во Јадранското Море. Го здогледуваме глечерот Мортерач каде што зад него лежи масивот Бернина. Се вели дека е највисокиот врв во Пиз Бернина на 4049 метри надморска височина. Никогаш не сте замислувале толку прекрасен пејзаж во рок од нешто повеќе од еден час возење со воз.

Сепак, Бернина Експрес никогаш не е заради дестинацијата, туку заради патувањето, возбудата. Тоа е едно возење што го одзема здивот.

Возот пристигнува во Сент Морис, на надморска височина од 1822 метри.

Сент Морис, луксузен алпски ресорт во Кантонот Граобинден, Швајцарија. Познат по зимските спортови, гламур, врвни хотели и спектакуларна природа. Домаќин на Зимските Олимписки игри во 1928 и 1948. Познат по 300+ сончеви денови годишно. Тоа е еден од најстарите зимски туристички центри во светот со над 350 км патеки. Тука е и езерото кое во текот на зимата е комплетно замрзнато и на кое се одржуваат трки со коњи и Поло на мраз, но и монденски забави.

Сент Морис е синоним за ексклузивен туризам – го посетуваат светски звезди, кралски семејства и бизнис елита. Еден од најпознатите хотели е Badrutt’s Palace Hotel.

Слободно време за индивидуални прошетки. Предлагаме да ја посетите Навалената Кула, еден од најпознатите симболи на Сент Морис. Потекнува од 12 век и била дел од старата црква St. Mauritius. Црквата била урната 1893 поради нестабилно тло но Кулата останала и подоцна е зајакната. Кулата е навалена 5 степени.

Патувањето го продолжуваме со автобус кон Луцерн (225 km), но мислите ни се кај поминатите часови, прегледувајќи ги направените фотографии… Пристигнување во Луцерн во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

4 ден 20.10.2026 ЛУЦЕРН – ИНСБРУК

Појадок. Предпладне прошетка низ еден од најубавите и најромантични градови во Швајцарија. Се наоѓа покрај езерото Lake Lucerne, опкружен со Алпите, со прекрасно сочуван стар град и богата историја.

Почнуваме со прошетка низ Капел мостот изграден во 14 век, најстар покриен дрвен мост во Европа. Светски познатиот дрвен мост е тема број еден за фотографирање во Луцерн со добра причина. Заедно со водената кула, тој го обликува градскиот пејзаж како ниедна друга знаменитост. Има историски слики во внатрешноста. Капел мостот е обележје со повеќе тајни, историја и драма отколку што можете да замислите.

Импозантната, но привлечна Водена кула е изградена околу 1290-1300 година, дури и пред мостот Капел. Имала повеќе намени: набљудувачница, градски архив. До крајот на 18 век служела како затвор, каде што затворениците се спуштале со јаже во темното дно и по отслужување се извлекувале пак со јаже. Денес има колекција на оружје таму.

Вреди да се посети Капелата „Свети Петар“ (Peterskapelle) во Луцерн, мала средновековна капела првпат спомената во 1178 година, што ја прави најстарата зачувана религиозна градба во градот. Се наоѓа на јужниот крај од мостот Капел, кој го добил името по капелата. Структурата има едноставен правоаголен план со подоцнежни готски модификации.

Шопинг рај: Кратките растојанија и разновидните понуди го прават Луцерн совршено место за шопинг. Без разлика дали барате подарок за сакана личност, нова облека или сладок десерт – сигурно ќе го најдете во Луцерн. Во Casagrande ќе најдете типични Швајцарски производи и сувенири, од чоколади до часовници. Лутајте низ стариот град со шарени фасади со фрески, калдрмисани улички, средновековни кули и градски зидини.

Во раните попладневни часови, патувањето го продолжуваме кон Инсбрук (315 км). По пристигнувањето во Инсбрук, се сместуваме во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

5 ден  21.10.2026 ИНСБРУК – САЛЗБУРГ

Појадок. Во срцето на Алпите, во Тирол регионот, опкружен со високи планини, лежи градот Инсбрук. Велат дека настанал таму каде планините шепотат со небото а реката Inn тивко ги носи нивните тајни низ долината.

Најраните траги укажуваат на првично населување во младото камено доба. Преживувајќи го предримскиот период местото покажува дека просторот бил постојано населен. Во четвртиот век Римјаните основале армиска станица Велдидена. Инсбрук станал главен град на целиот Тирол во 1429 и во петнаесеттиот век градот станал центар на европската политика и култура, а и царот Максимилијан Први, исто така, живеел во Инсбрук во 1490-тите….

Прошетка низ стариот град со многу топлина, полн со прекрасни градби: Goldenes Dashl (Златниот кров),цимболот на градот од 15 век. Кровот е покриен со 2657 позлатени бакарни плочи. Се наоѓа во срцето на стариот град. Hofburg, Царската палата на Хабзбурговците. Едно од најважните културно-историските градби во Австрија со раскошен бароктен ентериер. Првично комплекс на замоци од доцниот среден век, бил проширен во палата во раниот современ период.Неговиот сегашен изглед се базира на доградбите во каснобароктен стил направени за време на царицата Марија Тереза.  Hofkirche, Дворска црква, позната по монументалната гробница на царот Максимилијан Први и црни бронзани статуи околу гробот. Swarovski Crystal World, посета на салонот во Инсбрук. Можност да се купат производи од прочуениот Сваровски кристал по фабрички цени.

Слободно време за индивидуални прошетки и секако пробајте Kaiserschmarrn – кралска палачинка  правена специјално за  Хабзбурговската фамилија.

Во попладневните часови тргнуваме кон Салзбург  (190 km)

САЛЗБУРГ- Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел.  По краткиот одмор, одиме на ноќна прошетка низ Салзбург. Ноќевање.

 

6 ден  22.10.2026 САЛЗБУРГ – ХАЛСТАТ – СКОПЈЕ : Појадок.

САЛЗБУРГ– Алпската убавица, еден од најубавите градови на Австрија, сместен покрај реката Салзах и опкружен со Алпите. Градот изгледа како да излегол од бајките, со бароктна архитектура, тврдината на брдото и тесните калдрмисани улички. Стариот град Altstadt се навоѓа на УНЕСКО-вата листа за светско културно наследство.

Пешачиме и уживаме во разгледувањето на стариот град: родната куќа-музеј на Wolfgang Amadeus Mozart, стариот плоштад со најмалат куќа, Катедралата, кулата часовник со музичките звона, Бискупската резиденција, градините на палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.

Во пладневните часови тргнуваме кон Халстад. Се возиме околу 1,5 часа.

HALLSTATT – Бајката покрај езерото, мало но неверојатно сликовито место во Австрија, сместено помеѓу планини и мирното Халстатско езеро. Се смета за едно од најубавите села во светот, и штом го видите, знаете зошто.

Но што го прави така посебно привлечно?

Дрвени куќички наслонети на стрмната планина, со балкони полни со цвеќиња, кристално чистото езеро кое ги рефлектира Алпите како огледало,                      тесните, романтични улички без градски гужви,  маглата во утриските часови која полека се подига од водата и прави нестварна мистична слика, тука се наоѓа најстариот рудник на сол во светот….

Време е за кафе како би ги смириле чувствата. Ех… би сакале да бидете многу долго во оваа сцена од бајката наречена Халштат.

Во попладневните часови, полни со многу емоции од претходните денови, тргнуваме кон Скопје.  Се патува низ, Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно и дневно возење.

 

7 ден  23.10.2026 СКОПЈЕ :

Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

  • Редовна цена: 649€ (40.240 ден.)

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mailinfo@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

 

Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • 1 ноќевања со појадок, во Тирано, хотел со 3*
  • 1 ноќевања со појадок, во Луцерн, хотел со 3*
  • 1 ноќевања со појадок, во Инсбрук, хотел со 3*
  • 1 ноќевања со појадок, во Салзбург, хотел со 3*
  • Бернина Експрес воз 2-ра класа, на релација Тирано-Сент Морис
  • Прошетки по градовите наведени во програмата.
  • Лиценциран туристички придружник за цело време на патувањето

Не е вклучено

  • Туристичка такса 20€ по лице, се плаќа во агенција
  • Задолжително патничко осигурување 350 мкд,
  • Влезници за културно историски споменици, музеи, локален транспорт.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 14.000 ден (3*)
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Хотел 3*

    Описот за овој хотел ќе биде објавен наскоро.

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Општи услови
1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:
Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)
Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:
Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:
Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:
Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:
Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.Излетите можат да претрпат промениво однос на денови исатници. Доколку патникот не сепојави на договореното место и време за излетот, водичот има право да замине на излетот со остатокот на групата без да го чека или контактира патникот кој доцни, а уплатените средства за излетот се неповратни.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:
Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

 

* За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок 1.200 ден.

* За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на барање” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин или промена на име на патник, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:
Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста. Организаторот на патувањето и превозникот немаат обврска да обезбедат штекери за полнење на телефони или други електронски уреди.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:
Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот без право на надомест. Трошковите и одговорноста се на патникот.

Според Европските тековни прописи во автубусите несмее да се ставаат кеси за отпад на рачките на седиштата. Должност на секој патник е да го исфрли својот отпад во канта за отпадоци на секоја пауза.

15.БАГАЖ:
Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:
Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:
Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

 

Останати патувања

10-16 Октомври 2026
10-16 Октомври 2026
BERNINA EXPRESS + (Сирмионе • Тирано • Ст.Морис • Луцерн • Инсбрук • Салзбург • Халштад)
Од 649  по лице
11-ти Октомври
08-12 Октомври 2026
Aвионска програма – 22-27.10.2026 Истанбул со Принцески острови 4НП
Од 379  по лице
Октомвриски патувања
22-26 Октомври 2026
Aвионска програма 22-26.10.2026 Кападокија – Магија и Мистика
Од 529  по лице