Азурен Брег- (Ница • Кан • Антиб • Сен Тропе • Фрагонард • Монако • Монте Карло) 3НП

Од 269  по лице

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

SKU: Не е достапно Категории , Ознака:

Термин 08 Октомври

1 ДЕН 08.10.2026 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 

 2 ДЕН  09.10.2026 КАН

Oчекувано пристигнување во  Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел.  Слободно време за индивидуални прошетки,  кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.

 

 03 ДЕН  10.10.2026 АНТИБ – НИЦА :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб… Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)…и потоа посета на кралицата на Азурниот брег – Ница. ..   продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан.  Ноќевање.

 

04 ДЕН 11.10.2026  КАН – СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО

По појадокот препорачуваме  посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата…    Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

05 ДЕН 12.10.2026 КАН – ФРАГОНАРД во ЕЗ – МОНАКО  – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 23 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

 

06 ДЕН 13.10.2026 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

  • Промотивна цена (до 30.06.2026): 269€ (16.680 ден.)
  • Редовна цена: 309€ (19.160 ден.)

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mailinfo@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Hotel 2/3* во Кан, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Кан
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд (цената важи за лица до 60 години)
  • Туристичка такса во Кан (5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Монако, последниот ден (40€) се плаќа во агенција
  • Посета на Ст. Тропе (50€)
  • Посета на Ница и Антиб(50€)
  • Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (40€)
  • *** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Ст. Тропе+Ница и Антиб+Монте Карло - 130€
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€
  • Hotel 2/3*

    Описот за овој хотел ќе биде објавен наскоро.

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

Останати патувања

10-16 Октомври 2026
10-16 Октомври 2026
BERNINA EXPRESS + (Сирмионе • Тирано • Ст.Морис • Луцерн • Инсбрук • Салзбург • Халштад)
Од 649  по лице
11-ти Октомври
08-12 Октомври 2026
Aвионска програма – 22-27.10.2026 Истанбул со Принцески острови 4НП
Од 379  по лице
Октомвриски патувања
22-26 Октомври 2026
Aвионска програма 22-26.10.2026 Кападокија – Магија и Мистика
Од 529  по лице