Aвионска програма – 22-27.10.2026 Истанбул со Принцески острови 4НП

Од 379  по лице

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

ТЕРМИН: 22 Октомври 2026

1 ден 22.10.2026  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време. Полетување за Истанбул во 20:05ч. Пристигнување во Истанбул во  22:30ч. Трансфер на групата.

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ ( за група мин. 15 лица):

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот,  Египетскиот пазар…

ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Сместување во хотел и кратка пауза за одмор. 

Попладне започнува  магијата на Истанбул.

СУЛЕЈМАНИЈА  и ГАЛАТА ПОРТ

СУЛЕЈМАНИЈА џамија – Сулејмановата џамија  заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.

Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I, и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 Август истата година. Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност. За дизајнот на

Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот Султам Сулејман Величенствениот, кој свесно себеси се претставувал како “вториот Соломон.” Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I,  кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав

 

ГАЛАТА ПОРТ Истанбул, живописно пристаниште на брегот, трговски центар и простор за живеење што го трансформираа историското пристаниште Каракој во неверојатен центар на култура, слободно време и кујна. Галатапорт е неверојатно место кое не е само трговски центар или пристаниште за крстарење, туку и простор за живеење модерни музеи, луксузни бутици и модерни кафулиња. Галатапорт е комбинација од историјата и сегашноста и служи како простор за живеење во Истанбул.

Враќање во хотел. Ноќевање.

 

2 ден 23.10.2026 ИСТАНБУЛ

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , индивидуално- можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и да го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!

Ноќевање.

 

3 ден 24.10.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Ден предвиден за релаксирани излети 

Предпладне: ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме  ручек во еден од многуте рибни ресторани.                                                                                        

АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

Кадиќој –  Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби,  колоритни улички  полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, ,  меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници  и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

 

4 ден 25.10.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Магијата од 1001 ноќ продолжува.

ПЈЕР ЛОТИ и заливот  ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА:

Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 26.10.2026  ИСТАНБУЛ 

Појадок. Напуштање на собите во време определено од хотелот. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16: 50ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16: 15ч.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 €/ 23.500 ден.

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-ailinfo@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Аранжманот вклучува

  • Авионски билет Скопје-Итсанбул-Скопје,
  • Трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром,
  • Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевања со појадок,
  • Панорамски разглед на Истанбул со прошетка на Таксим (за група мин.15 лица),
  • Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.),
  • Професионален локален туристички водич (за група мин.15 лица),

Не е вклучено

  • Факултативни излети (за група мин.15 лица),
  • Крстарење по Босфор + Султан Ахмед плоштад-60€,
  • Сулејманија+Галата Порт - 40€,
  • Крстарење кон Принцеските острови+Азиски Истанбул - 80€,
  • Долмабахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучен во влезницата) - 60€,
  • Пјер Лоти + Патријаршија + Балат - 45€,
  • Туристичка такса 8€ по лице за целиот престој(се плажа во агенција),
  • Чекиран багаж до 12кг - 30€ по лице (доплатата за багаж се однесува за сите патници по пријавата).
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  • Доплата за еднокреветна соба: 3900 мкд,
  • Хотел 4*

    Описот за овој хотел ќе биде објавен наскоро.

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

Општи услови
1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:
Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)
Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:
Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:
Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:
Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:
Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.Излетите можат да претрпат промениво однос на денови исатници. Доколку патникот не сепојави на договореното место и време за излетот, водичот има право да замине на излетот со остатокот на групата без да го чека или контактира патникот кој доцни, а уплатените средства за излетот се неповратни.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:
Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

* За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок 1.200 ден.

* За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на барање” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин или промена на име на патник, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:
Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста. Организаторот на патувањето и превозникот немаат обврска да обезбедат штекери за полнење на телефони или други електронски уреди.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:
Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот без право на надомест. Трошковите и одговорноста се на патникот.

Според Европските тековни прописи во автубусите несмее да се ставаат кеси за отпад на рачките на седиштата. Должност на секој патник е да го исфрли својот отпад во канта за отпадоци на секоја пауза.

15.БАГАЖ:
Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:
Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:
Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

Останати патувања

10-16 Октомври 2026
10-16 Октомври 2026
BERNINA EXPRESS + (Сирмионе • Тирано • Ст.Морис • Луцерн • Инсбрук • Салзбург • Халштад)
Од 649  по лице
Октомвриски патувања
22-26 Октомври 2026
Aвионска програма 22-26.10.2026 Кападокија – Магија и Мистика
Од 529  по лице
11-ти Октомври
08-12 Октомври 2026
Aвионска програма – 08-12.10.2026 Кападокија – Магија и Мистика
Од 499  по лице