Шпанија Лето 2026 – Авион

Од 559  по лице

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.

SKU: Шпанија Категории , Ознака:

Пакет аранжман со АВИОН.

                                      

 ПРОГРАМА:

1 ден  СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР

Состанок на аеродром  Скопје 2 часа пред лет. Лет за Барселона во 18 00ч.  Слетување во Барселона во 20 50ч. Трансфер до Љорет де Мар. Сместување во одбраниот хотел.

2-7 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР.

Престој на база 7 ноќевања ( со појадок, полу пансион/ полни пансиони, по ваш избор).

За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC,COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, AQUARIUM, PUEBLO ESPANOL, FLAMENCO SHOW, …

 8 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Стварите се оставаат во дежурна соба или простор предвиден за одлагање на багажот.  Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности. Гостите може да ги користат хотелските содржини.

Трансфер до аеродром во Барселона 4 часа пред редовниот термин за полетување на авионот. Нашиот преставник секако ќе ве извести.

Лет за Скопје во 21 35ч.    . Слетување на авионот на Скопскиот аеродром во   00 20ч.

 

ЦЕНА за Авионски пакет аранжман по особа:

 

       ALEGRIA FENALS MAR 3*        Јуни    Јули                      Август   Септември
  Стандардна соба                               НП 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 559 599 729 829 869 939 919 849 739 709 609 559
Трето лице во 1/2+1 соба 499 529 649 719 739 799 779 729 629 609 529 499
1 дете 2-11 г. во1/2+1 соба 499 529 649 719 739 799 779 729 629 609 529 499
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА: 70 € / деца 35 € НП: Ноќевање со појадок
      ALEGRIA SUN VILLAGE 4*
       Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        нп 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 619 649 779 869 879 919 919 799 679 649 609 569
Трето лице во 1/2+1 соба 529 549 669 729 719 759 759 669 569 539 509 499
1,2 дете 2-11 г. во1/2+2 соба 459 489 599 649 619 649 649 579 499 479 449 439
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА : 70 € / деца 35 €
* Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: Полупансион + 50 € / деца 25 €           НП: Ноќевање со појадок
  ALEGRIA MARINER 4*        Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        нп 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 639 689 809 919 959 989 979 849 719 689 629 609
Трето лице во 1/2+1 соба 539 579 699 729 779 809 789 699 599 569 529 519
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА: 70 €
* Доплата за соба со поглед на море: 60 €                                                  НП: Ноќевање со појадок
  HELIOS 4*
       Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        нп 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 589 629 739 769 859 889 949 779 709 629 599 609
По лице во 1/2 соба (Pool View) 619 659 769 799 909 939 999 819 749 659 629 639
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА: 70 €                                                        НП: Ноќевање со појадок
      GRAND HOTEL FLAMINGO 4*        Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        нп 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 639 679 889 859 939 879 1069 999 849 829 629 609
Трето лице во 1/2+1 соба 579 609 799 769 819 779 929 879 739 729 569 639
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА: 120 €                                                       НП: Ноќевање со појадок
      ALEGRIA PLAZA PARIS 4*        Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        нп 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 619 669 789 889 889 929 919 799 679 649 609 579
Трето лице во 1/2+1 соба 529 559 679 749 729 759 769 669 569 539 519 499
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА: 70 €  / деца 35 €
* Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: 120 €  / деца  60 €                               НП: Ноќевање со појадок
DELAMAR 4* SUP        Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        нп 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 699 709 959 929 1039 1099 1189 939 899 879 639 609
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА :120 €                                                     НП: Ноќевање со појадок
L”AZURE 4* Sup.        Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        н 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 809 819 849 979 1179 1189 1279 999 859 769 719 719
Трето лице во 1/2+1 соба 709 719 769 869 999 1029 1089 879 749 679 629 639
1во дете 2-13 г. во 1/+1 соба 569 579 639 839 969 989 1049 849 589 539 509 519
2ро дете 2-13 г. во 1/2+2 соба 569 579 639 749 849 869 909 749 589 539 509 519
* Доплата за 7 ПОЈАДОЦИ : 60 € /  1во дете 45 €, 2ро дете 36 €
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА ( Појадок+Вечера) : 140 € /  1во дете 105 €, 2ро дете 84 €
* Доплата за поглед кон базен во Стандард соба: 100 €, 1во дете 75 €, 2ро дете 60 €
* Доплата за Супериор соба: 100 евра, 1во дете 75 €, 2ро дете 60 €
* Доплата за поглед кон базен во Супериор соба:175 €, 1во дете 130 €, 2ро дете 105 €  Н: Ноќевање
       MARIA DEL MAR 4*        Јуни    Јули                      Август   Септември
Стандардна соба                        нп 30 6 13 20 11 25 8 22 29 5 12 19
По лице во 1/2 соба 609 619 729 799 889 979 959 859 749 719 635 649
Трето лице во 1/2+1 соба 569 579 679 739 809 899 869 779 689 659 589 599
1во дете 2-12 г. во 1/2+1 соба 379 389 499 509 489 529 509 479 429 399 380 389
2ро дете 2-12 г. во 1/2+2 соба 459 469 569 599 619 679 659 609 539 509 469 479
* Доплата за  СУПЕРИОР Соба : 50 € /  1во дете 12 €, 2ро дете 25 €
* Доплата за 7 ПОЛУПАНСИОНА ( Појадок+Вечера) : 60 € /  1во дете 15 €, 2ро дете 30 €
НП: Ноќевање со појадок

 

Уплата на аванс 30% при резервација + 20% до 10.03.26, останатиот дел најдоцна 20 денови пред поаѓање

• Факултативни излети и влезници според програмата. Распоредот на излетите го преставува нашиот преставник во Шпанија.  Факултативните излети се уплатуваат кај нашиот преставник во Шпанија, вториот ден од пристигнувањето. Веќе пријавен и платен излет, нема можност за отказување. Повеќе информации во агенција.

 

ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА АВИО БИЛЕТИ И СОБИ ПО ХОТЕЛИ  ВО СЕКОЈА СМЕНА !

  

 Пријатен летен одмор Ви посакува екипата на НЕХАР ТРАВЕЛ Скопје.

Аранжманот вклучува

  • Авио билет на релација Скопје-Барселона-Скопје
  • Аеродромски такси,
  • Кабински багаж до 10 кг (40х30х20 см)
  • 7 Ноќевања со појадок/полупансион/полн пансион, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар. •
  • Трансфер од Аеродром во Барцелона до одбран хотел во Љорет де Мар,
  • Услуги на нашиот иностран преставник,
  • Услуги на нашиот преставник кој ги организира факултативните излети.

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување: 320денари ( се плаќа во агенција).
  • Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување). Цените може да претрпат измени.
  • Доплата за чекиран багаж до 10 кг. - 4.700 ден. / 20 кг. - 6.600 ден. Резервирање исклучиво при пријавивање за патување. Информација во Агенција.
  • Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот.
  • ALEGRIA FENALS MAR 3*

    ALEGRIA Fenals Mar 3* е пријатен хотел сместен во мирниот и елегантен дел Fenals во Lloret de Mar, познат по убавата песочна плажа и опуштената атмосфера. Хотелот е одличен избор за гости кои сакаат мирен одмор, а сепак да бидат блиску до центарот, шеталиштето и туристичките содржини. Плажата Fenals се наоѓа на околу 150 метри од хотелот, односно само неколку минути пешачење. Хотелот располага со надворешен базен, ресторан, бар и пријатна тераса за релаксација. Во близина има бројни кафулиња, продавници и ресторани, а околината нуди прекрасна медитеранска атмосфера.

     

  • ALEGRIA SUN VILLAGE 4*

    ALEGRIA Sun Village 4* е модерен хотел со пријатна и опуштена атмосфера, сместен во тивкиот дел на Lloret de Mar, на неколку минути пешачење од плажата Sa Caleta и познатиот центар на градот. Благодарение на одличната локација и убавиот панорамски поглед кон морето и градот, хотелот е идеален избор за летен одмор на Costa Brava. Хотелот располага со два базени, сончева тераса со лежалки, ресторан и бар, а модерниот медитерански стил создава чувство на удобност и релаксација. Плажата е оддалечена околу 300 метри од хотелот.

  • ALEGRIA MARINER 4* (Adults only)

    Hotel Mariner 4* во Lloret de Mar е модерен хотел, сместен на само неколку чекори од плажа (околу 40–50 метри од плажа), во помирниот дел на градот, а сепак блиску до центарот и шеталиштето. Хотелот е идеален за одмор, релаксација и уживање на Costa Brava, со одлична комбинација од добра локација, удобност и современ дизајн. Хотелот располага со модерно уредени и светли соби со балкон, надворешен базен со лежалки, ресторан на база шведска маса и пријатна атмосфера за одмор. Во близина се наоѓаат бројни ресторани, барови, продавници и атракции по кои е познат Lloret de Mar.

  • HELIOS 4*

    Хотел Helios 4* е еден од најпопуларните хотели во центарот на Лорет де Мар, со одлична локација и многу добра услуга. Се наоѓа на околу 150 метри од главната песочна плажа, односно само 2-3 минути пешачење. Во непосредна близина има бројни продавници, ресторани, кафулиња и шеталиште. Хотелот располага со модерно уредени 1/2 и 1/2+1 соби, опремени со клима уред, балкон, ТВ, бесплатен Wi-Fi, сеф и сопствено купатило. На гостите им се на располагање ресторан со богата шведска маса, надворешен базен со лежалки, бар, wellness & spa центар, 24-часовна рецепција и бесплатен интернет низ целиот хотел.

  • GRAND HOTEL FLAMINGO 4*

    Grand Hotel Flamingo 4* е модерен хотел за возрасни (+18), сместен во самиот центар на Лорет де Мар, на само 150 метри од песочната плажа. Благодарение на одличната локација, во непосредна близина се наоѓаат бројни продавници, ресторани, барови и шеталиштето.Хотелот располага со модерно уредени 1/2 и супериор соби, опремени со клима уред, балкон, ТВ, Wi-Fi, мини фрижидер и сопствено купатило. На гостите им се на располагање надворешни базени, rooftop тераса со базен, ресторан, бар, фитнес центар и 24-часовна рецепција.

  • ALEGRIA PLAZA PARIS 4*

    ALEGRIA Plaza Paris 4* е еден од попознатите хотели во центарот на Лорет де Мар, сместен на околу 200-300 метри од главната плажа Lloret Beach, односно 3-5 минути пешачење. Хотелот е во самиот центар на туристичките случувања, во близина на продавници, ресторани и шеталиштето.Стандардните 1/2 соби се комотни за две лица, додека 1/2+1 собите имаат дополнителен кревет или софа за трето лице.

     

  • DELAMAR 4* SUP

    Delamar 4* Sup (Adults Only 18+) е модерен и стилски хотел сместен во центарот на Лорет де Мар, на само 200 метри од песочната плажа. Хотелот е наменет исклучиво за возрасни и е одличен избор за парови и гости кои бараат мирна и опуштена атмосфера.Располага со модерно уредени 1/2 и супериор соби опремени со клима уред, балкон, Wi-Fi, ТВ, мини фрижидер, сеф и сопствено купатило. На гостите им се на располагање повеќе надворешни базени, rooftop тераса со базен и лежалки, ресторан, бар, фитнес центар и wellness содржини.

  • L"AZURE 4*

    L'Azure Hotel 4* е модерен и елегантен хотел сместен во центарот на Лорет де Мар, на околу 600 метри од песочната плажа. Благодарение на одличната локација, во близина се наоѓаат бројни продавници, ресторани и туристички содржини. Хотелот располага со комфорни 1/2 и 1/2+1 соби опремени со клима уред, балкон, ТВ, Wi-Fi, мини фрижидер, сеф и сопствено купатило. На гостите им се на располагање повеќе базени, вклучувајќи rooftop базен со панорамски поглед, ресторан со шведска маса, бар, фитнес центар, детски клуб и анимациски програми.

  • MARIA DEL MAR 4*

    Maria Del Mar 4* е еден од најпознатите хотели во центарот на Лорет де Мар, сместен на околу 300 метри од песочната плажа. Благодарение на одличната локација, во непосредна близина се наоѓаат продавници, ресторани, барови и туристички атракции. Хотелот располага со комфорни 1/2, 1/2+1 и семејни соби, опремени со клима уред, балкон, ТВ, Wi-Fi, сеф и сопствено купатило. На гостите им се на располагање надворешен и внатрешен базен, ресторан со шведска маса, бар, фитнес центар, сауна и анимациски програми.

 ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • Цените дадени во табелите се во Евра по лице.
  • Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1 (евро) = 62 денари.
  • EARLY BOOKING: Искористете го добриот попуст кој Иностраниот партнер го дава. Внимавајте на крајните датуми на резервација и динамика на плаќање. Во случај рокот за доплата се надмине, нема да важи цената за Рана уплата и странката однапред е согласна дека ќе доплаќа според редовната цена.
  • Потврда за слободен капацитет во хотелите - 48ч. од денот на упалата на аранжманот.
  •  Во случај на отказ на аранжманот од како е потврден хотелот, депозитот е неповратен.
  • Останатиот износ се плаќа според табелата и најдоцна 20 денови пред поаѓање.
  • За термините 23,30 Мај и 06.Јуни , услугите во Шпанија се во ингеренција на локалниот партнер.
  • Бројот на собата, катот и позицијата на собата се доделуваат од страна на хотелот при пристигнување и не можат однапред да се гарантираат.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната, и да немаат престој подолг од 82 дена во изминатите 180 дена во Шенгенската зона во моментот на поаѓање.
  • Н – Ноќевање,  НП – Ноќевање со појадок, ПП - Полупансион – (појадок + вечера),
  • П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • Магичните фонтани во Ноември 2025 г. повторно проработија.
  • Објавените цени се од динамичен карактер и со моментална важност. Истите може да бидат променети без најава во случај на промена на цената на авио билетот, хотелските услуги и сл.
  •  Сите потврдени резервации и уплати до тој момент важат според старата цена.
  • Сите други услови на патување важат  Општите услови за патување на НЕХАР ТРАВЕЛ кои се составен дел во Договорот за патување.
  • Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата за полетување на авионот.Организаторот неможе да прифати одговорност доколку настане промена во редот на летење на авиопревозникот, без оглед на причините кои авиопревозникот не може да ги предвиди. Евентуалното пристигнување во хотелот после полноќните часови/раните утрински часови, ќе се смета за реализирана услуга што се однесува до хотелското сместување т.е. ноќевање. Истото важи и за доцнење во враќањето кон Македонија. За можните спорови во ваков случај, ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот преку авиопревозникот кој го извршил летот.
  • Организаторот на ова патување не може да сноси никаква одговорност за усмено дадени поинакви информации за програмата а кои се дадени во писмена форма.

1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:

Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:

Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)

Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:

Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:

Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:

Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:

Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:

Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот
За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот
За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот
За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот
Во одредени програми важат посебни услови за отказ на аранжманот и истите услови се наведени на самата програма. Со склучување на договор за патување или плаќање на фактура странката ги прифаќа условите за отказ.

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:

Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:

Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот. Трошковите и одговорноста се на патникот.

15.БАГАЖ:

Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:

Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:

Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

Останати патувања

Лето Шпанија
Шпанија Лето 2026 – Автобус
Од 599  по лице