Шпанија Лето 2026 – Автобус

Од 599  по лице

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.

SKU: Не е достапно Категории , Ознаки: ,

🌴 ШПАНИЈА   Лето 2026

Коста брава – Азурен Брег – Северна Италија

ВеронаМилано– (Езеро Комо)-Барселона-Кан-Ница-Монако-Монте Карло

 

ПРОГРАМА:

ден  СКОПЈЕ – ВЕРОНА – МИЛАНО:

Состанок на групата во 08.30ч.  Поаѓање во 09.00ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Денско и ноќно возење.

ден  ВЕРОНА – МИЛАНО:

Пристигнување во утринските часови во Верона. Ве водиме на прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел во попладневните/вечерни часови. Ноќевање.

3ден  МИЛАНО – ЉОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок.Целодневен престој во градот на модата, на старите моќни фамилии, на уметноста,  фудбалот.

Прошетка низ богатата историја на Милано: Тврдината Сфорца, споменикот на Гарибалди, прекрасната Готска Катедрала Д уомо, Пасажот на Виктор Емануел II т.е. најстариот Трговски комплекс во Европа, споменикот на Леонардо Да Винчи, прочуената Опера-Миланска Скала. Слободно време за индивидуални прошетки или предлагаме посета на монденското езеро Комо и градчето Комо со воз. Патувањето кон Шпанија продолжува во попладневните/вечерните часови. Се патува покрај Пјаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4– 10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок или 6 полупансиони, по ваш избор.

За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC,COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, AQUARIUM, PUEBLO ESPANOL, FLAMENCO SHOW, …

10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани* во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.

11 ден   АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со   гламурот на Кан.

Кан,  – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по  својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета. Слободно време за индивидуални прошетки или капење во монденскиот Кан.

Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.

Ница,  – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како  ‘Belle Epoque”.

Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”,  плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.

Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.

12ден  АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ – МОНАКО:

Појадок.Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.

Продолжуваме кон гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички…Слободно време за индивидуални разгледи. Возиме кон Монте Карло делумно по патеката каде се вози Формула1 и се упатуваме кон центарот на  МОНТЕ КАРЛО  за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина. Слободно време за индивидуални прошетки.

МОНАКО – СКОПЈЕ: Во попладневните/вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

13. ДЕН. СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје во  попладневните / вечерни часови.

 

ЦЕНА за уплата до 25 Февруари 2026 + ГРАТИСПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА

 

  Лето ШПАНИЈА 2026     Цени по лице за пакет аранжман во еврa.
Сопствен закуп
  ALEGRIA FENALS MAR 3* Јуни Јули                      Август    Септември
                                                     Стандардна соба 10 16 8 22 4 20 26 1 7 13
По лице во 1/2 соба НП 639 649 699 709 829 639 639 639 609 599
Трето лице во 1/2+1 соба НП 559 579 619 629 719 569 569 569 549 529
1 дете 2-11 г. во1/2+1 соба НП 549 569 609 619 709 559 559 559 539 519
*Early Booking: GRATIS ПОЛУПАНСИОН за сите уплати до 25.02.2026
* Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија : 50 евра / деца 25 евра
НП: Ноќевање со појадок Максимален број на лица во соба: 3
  ALEGRIA SUN VILLAGE 4* Јуни Јули                      Август    Септември
                                                     Стандардна соба 10 16 8 22 4 20 26 1 7 13
По лице во 1/2 соба НП 699 729 749 849 679 669 659 639 619
Трето лице во 1/2+1 соба НП 619 629 649 729 599 599 589 569 549
1,2 дете 2-11 г. во1/2+2 соба НП 609 619 639 719 589 589 579 559 539
*Early Booking: GRATIS ПОЛУПАНСИОН за сите уплати до 25.02.2026
* Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија : 50 евра / деца 25 евра
НП: Ноќевање со појадок Максимален број на лица во соба: 4
ALEGRIA MARINER 4* Adults only Јуни Јули                      Август    Септември
                                                     Стандардна соба 10 16 8 22 4 20 26 1 7 13
По лице во 1/2 соба НП 649 709 749 799 879 689 689 679 659 639
Трето лице во 1/2+1 соба НП 599 639 659 679 759 619 619 609 599 579
*Early Booking: GRATIS ПОЛУПАНСИОН за сите уплати до 25.02.2026
* Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија : 50 евра
НП: Ноќевање со појадок Максимален број на лица во соба: 3
  DON JUAN 4* Јуни Јули                      Август    Септември
                                                     Стандардна соба 10 16 8 22 4 20 26 1 7 13
По лице во 1/2 соба НП 659 679 749 839 849 689 669 669 649 629
Трето лице во 1/2+1 соба НП 639 649 699 799 809 649 629 629 599 589
1 дете 2-11,99 г. во1/2+1 соба НП 509 519 559 619 619 529 519 519 489 479
*Early Booking: GRATIS ПОЛУПАНСИОН за сите уплати до 25.02.2026
* Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија : 50 евра / деца 25 евра
* Доплата за СУПЕРИОР соба, во Шпанија: 36 евра / деца 18 евра
НП: Ноќевање со појадок Максимален број на лица во соба: 3

 

 ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ  ВО СЕКОЈА СМЕНА !

  

 Пријатен летен одмор Ви посакува екипата на НЕХАР ТРАВЕЛ Скопје.

Аранжманот вклучува

  • Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.
  • 6 Ноќевања со појадок или полупансион, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар.
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во Милано ( Околина).
  • Сместувањеи услуги во 1/2 - 1/3 соби, според табелата.
  • Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување: 520 денари ( се плаќа во агенција).
  • Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 10€ (задолжително, се плаќа во агенција).
  • Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).
  • Задолжителен пакет излети: Верона, Милано, Азурниот брег (Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло) : 50 € по лице. Се плаќа во агенција.
  • Доплата за еднокреветна соба (Hotel Don Juan): плус 50% од цената дадена во ценовникот.
  • Карти за локален превоз, воз, брод
  • Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
  • Избор на факултативни излети во Шпанија, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.
  • ALEGRIA FENALS MAR 3*

    ALEGRIA Fenals Mar 3* е пријатен хотел сместен во мирниот и елегантен дел Fenals во Lloret de Mar, познат по убавата песочна плажа и опуштената атмосфера. Хотелот е одличен избор за гости кои сакаат мирен одмор, а сепак да бидат блиску до центарот, шеталиштето и туристичките содржини. Плажата Fenals се наоѓа на околу 150 метри од хотелот, односно само неколку минути пешачење. Хотелот располага со надворешен базен, ресторан, бар и пријатна тераса за релаксација. Во близина има бројни кафулиња, продавници и ресторани, а околината нуди прекрасна медитеранска атмосфера.

     

  • ALEGRIA SUN VILLAGE 4*

    ALEGRIA Sun Village 4* е модерен хотел со пријатна и опуштена атмосфера, сместен во тивкиот дел на Lloret de Mar, на неколку минути пешачење од плажата Sa Caleta и познатиот центар на градот. Благодарение на одличната локација и убавиот панорамски поглед кон морето и градот, хотелот е идеален избор за летен одмор на Costa Brava. Хотелот располага со два базени, сончева тераса со лежалки, ресторан и бар, а модерниот медитерански стил создава чувство на удобност и релаксација. Плажата е оддалечена околу 300 метри од хотелот.

  • ALEGRIA MARINER 4* (Adults only)

    Hotel Mariner 4* во Lloret de Mar е модерен хотел, сместен на само неколку чекори од плажа (околу 40–50 метри од плажа), во помирниот дел на градот, а сепак блиску до центарот и шеталиштето. Хотелот е идеален за одмор, релаксација и уживање на Costa Brava, со одлична комбинација од добра локација, удобност и современ дизајн. Хотелот располага со модерно уредени и светли соби со балкон, надворешен базен со лежалки, ресторан на база шведска маса и пријатна атмосфера за одмор. Во близина се наоѓаат бројни ресторани, барови, продавници и атракции по кои е познат Lloret de Mar.

  • DON JUAN 4*

    Don Juan 4* е еден од најпопуларните хотели во Лорет де Мар, сместен на околу 350 метри од песочната плажа и во близина на центарот на градот. Хотелот е одличен избор за семејства, парови и групи кои сакаат активен одмор и добра локација. Хотелот располага со комфорни 1/2, 1/2+1, 1/2+2 и семејни соби, опремени со клима уред, балкон, ТВ, Wi-Fi и сопствено купатило. На гостите им се на располагање повеќе надворешни базени, детски базен, ресторан со шведска маса, барови, спортски терени, детски клуб и анимациски програми.

     

ℹ️ Напомени:

  • Лето 2025 беше 90% распродадено до Април !
  • Редовната цена на аранжманот после 15 Март, е според табелата, на база ноќевање со појадок.
  • Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари по лице.
  • Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
  • Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1 (евро) = 62 денари.
  • За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
  • НП – Ноќевање со појадок, ПП - Полупансион – (појадок + вечера).
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Бројот на собата, катот и позицијата на собата се доделуваат од страна на хотелот при пристигнување и не можат однапред да се гарантираат.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • Магичните фонтани последните 2 години не работат поради рестрикција на вода. Дали во 2026 год ќе работат или не , зависи од одлуката на надлежните.
  • Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус. Нема можност за доплата за празно седиште.
  • Сите други услови на патување важат според годишната програма на НЕХАР ТРАВЕЛ.
  • Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата и местото на поаѓање.

Општи услови
1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:
Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)
Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:
Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:
Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:
Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:
Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.Излетите можат да претрпат промениво однос на денови исатници. Доколку патникот не сепојави на договореното место и време за излетот, водичот има право да замине на излетот со остатокот на групата без да го чека или контактира патникот кој доцни, а уплатените средства за излетот се неповратни.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:
Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

 

* За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок 1.200 ден.

* За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на барање” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин или промена на име на патник, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:
Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста. Организаторот на патувањето и превозникот немаат обврска да обезбедат штекери за полнење на телефони или други електронски уреди.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:
Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот без право на надомест. Трошковите и одговорноста се на патникот.

Според Европските тековни прописи во автубусите несмее да се ставаат кеси за отпад на рачките на седиштата. Должност на секој патник е да го исфрли својот отпад во канта за отпадоци на секоја пауза.

15.БАГАЖ:
Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:
Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:
Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

Останати патувања

Лето Шпанија
Шпанија Лето 2026 – Авион
Од 559  по лице