112 

Вила Јулианос e лоцирана во помирниот дел на Ипсос -Крф, на 10 минути пешачење од плажата со многу гостопримливи домаќини. Вила која ја работиме веќе 12-то лето и од која имаме само пофалби. Располага со три апартманиза 2 лица и еден дуплекс апартман за 4 лица.

Категории , , Ознака:

Опис

Период 1/2 Duplex 2/2+2
29.05.2026
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 112
05.06.2026
7 ноќи
124 124
12.06.2026
7 ноќи
149 149
19.06.2026
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 174
26.06.2026
7 ноќи
199 199
03.07.2026
7 ноќи
239 ПРОДАДЕНО
10.07.2026
7 ноќи
239 239
17.07.2026
7 ноќи
249 249
24.07.2026
7 ноќи
249 ПРОДАДЕНО
31.07.2026
7 ноќи
249 249
07.08.2026
7 ноќи
249 249
14.08.2026
7 ноќи
249 249
21.08.2026
7 ноќи
209 209
28.08.2026
7 ноќи
189 189
04.09.2026
7 ноќи
169 169
11.09.2026
7 ноќи
139 139
18.09.2026
7 ноќи
124 124
25.09.2026
7 ноќи
112 112

Двокреветните апартмани имаа сопствена кујна која е физички одделена од спалната. Кујната е опремена со основен прибор за јадење и готвење, фрижидер и мини шпорет.

Дуплекс апартманот за 4 лица има две посебни спални соби-во едната спална има брачен кревет, а во другата соба има два одделни кревети. Кујната е физички одделена од спалните соби и е опремена со основен прибор за јадење и готвење, голем шпорет со рерна и голем фрижидер.
Сите апартмани имаат сопствена тераса,телевизор и клима уред (кој се доплаќа на лице место 5 евра од ден), бесплатен Wi-Fi интернет (Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот. Ве советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори).
Позади во дворот на вилата има скара која е на располагање на гостите.

 

✔️ Цената на аранжманот вклучува:
  • Превоз со автобус на релација Скопје-Игуменица-Скопје
  • 7 ноќевања /8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој.

❌ Цената на аранжманот не вклучува:

  • Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса 2 еур на ден за студио / апартан (се плаќа во агенција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред (се доплаќа на лице место)

🏷️ Попусти и доплати: 

  • Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со возрасен)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба на редовна цена. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст на редовните цени
  • Во Апартман 3-то и 4-то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст на редовните цени
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

ℹ️ Напомени и услови:

1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во  ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
7.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
8. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина порано од 30 дена пред патување ќе бидат задржани манипулативни трошоци од 5% од сумата на аранжманот.
9. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
10. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
11. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
12.За време на престојот гостите се задолжени за хигиената во студијата/апартманите. Постелнината се менува еднаш седмично.

13.Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.

14.За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. ,,Нехар Травел”

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Вила Јулијанос – Ипсос”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *