Будимпешта ( Виена • Парндорф • Сент Андреа • Естергом • Братислава • Ѓор) 3НП

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

  • Hotel 3*

1/2 - Standard

октомври 8, 2026 6 days
Adult: 209  Child: 189 
Adult
Child

1/2+1 - Standard

октомври 8, 2026 6 days
Adult: 209  Child: 189 
Adult
Child
SKU: Не е достапно Категории , Ознака:

Опис

 Термин: 08 Октомври

1 ден  08.10.2026 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА  

Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

2 ден 09.10.2026 БУДИМПЕШТА 

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

 

3 ден 10.10.2026 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА СО  аутлет шопинг центарот PARNDORFF

Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод  по Дунав . Враќање во хотел. Ноќевање

 

4 ден 11.10.2026 БУДИМПЕШТА  – БРАТИСЛАВА  – GYOR  

Појадок. Предлагаме целодневен излет до Братислава и Ѓор. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето го продолжуваме накај Ѓор, град во Западна Трансданубиа, лежи на средината на златниот триаголник, помеѓу Братилава, Будимпешта и Виена…  наречен Град на Барокот, бидејќи во стариот дел на градот ќе се воодушевувате на  безброј монументални градби и скулптури од 18-ти век. И чќе уживате во атмосферата на малите ресторанќиња, пабови и барови. Враќање во хотел. Ноќевање. 

 

10 ден 12.10.2026 БУДИМПЕШТА  – ЕСТЕРГОМ  – СЕНТ АНДРЕА    

Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Препорачуваме  целодневен факултативен излет до Естергом и Сент Андреа- некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Продолжуваме со посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта .   Поаѓање за Македонија во вечерните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

6 ден  13.10.2026 СКОПЈЕ 

Планирано пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

  • Промотивна цена (до 30.06.2026): 209€ (12.960 ден.)
  • Редовна цена: 239€ (14.820 ден.)

 

✔️ Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

❌ Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари (цената важи за лица до 60 години)
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 20€(се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса 3€ по лице на ден (се плаќа во агенција)
  • Крстарење по Дунав 25€
  • Посета на Сент Андреа и Естергом  35€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  55€
  • Посета на Братислава и Ѓор 45€

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ –Крстарење – Виена со Парндорф – Сент Андреа и  Естергом, Братислава и Ѓор – 150€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Доплата за еднокреветна соба  4.500 денари

 

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mailinfo@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Будимпешта ( Виена • Парндорф • Сент Андреа • Естергом • Братислава • Ѓор) 3НП”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *