Венеција (Трст • Милано • Верона) 2НП

  • Hotel 3*

1/2 - Standard

октомври 9, 2026 6 days
Adult: 159  Child: 144 
Adult
Child

1/2+1 - Standard

октомври 9, 2026 6 days
Adult: 159  Child: 144 
Adult
Child
SKU: Не е достапно Категории , Ознака:

Опис

Термин: 09 Октомври

1 ден 09.10.2026 СКОПЈЕ:                                       

Состанок на групата во 10.00 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 10.30ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 

 

2 ден  10.10.2026  ТРСТ – Outlet Shoping centar PALMANOVA –  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо… Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесолосо попатна посета на Outlet шопинг центар  во Palmanova. Во попладневните часови пруистигнување во Лидо.  Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки низ Лидо. Ноќевање.

 

3 ден 11.10.2026  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО -МИЛАНО- ВЕРОНА:

Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано. По пристигнувањето   одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон  Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра.  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

 

4 ден  12.10.2026  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА :

Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.  Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.

 

5 ден  13.10.2026 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните часови .

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

  • Промотивна цена (до 30.06.2026): 159€ (9.860 ден.)
  • Редовна цена: 179€ (11.100 ден.)

 

✔️ Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Венето регија, хотел 3*
  • Попатна посета на Трст
  • Попатна посета на Шопинг центар Палманова
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

 

❌ Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 250 мкд (цената важи за лица до 60 години)
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија( 3 по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Превоз + бродски билет до/од Венеција  50 €
  • Посета на Милано и Верона 60 €
  • Доплатаза еднокреветна соба 2.100 денари
  • Доплата за избор на седиште 20 €
  • Доплата за дополнително седиште 150 €
  • Влезници за музеи и споменици

 

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mailinfo@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Венеција (Трст • Милано • Верона) 2НП”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *